Хрватска го слави Златко Далиќ. Славниот тренер направи голем успех со репрезентацијата, дојде до второто место на СП и стана јунак на нацијата. Го помина и легендарниот Чиро Блажевиќ, кој според многумина е главниот виновник за овој успех на Хрватска.
На прашање за својата иднина на клупата на Хрватска даде јасен одговор.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Дали сум спремен да продолжам? Спремен сум за одмор. Беа ова два напорни месеци. Среќен сум поради ова време кое го поминав со сите, ќе ми недостигаат играчите кога ќе се разделиме. Сега ќе земам одмор. Никогаш немам донесено одлука преку ноќ. Сега размислувам за тоа среќно да се вратам во Хрватска и добро да се одморам.“
Свесен е дека неговите момци лесно можеа до златото.
„Играчите беа тажни по натпреварот, им реков да ги дигнат главите и дека немаме причина да бидеме тажни туку само горди на она што го направивме. Останува да жалиме бидејќи игравме добро во финалето и резултатот не е реален, но среброто е фантастично достигнување. Моите играчи беа достоинствени во сите победи и сакам такви да останат и во поразот. Хрватска беше одлична на ова СП. Ви благодарам на сите, сакам на крајот да кажам дека сум горд на играчите и својата земја.“