Дома Фудбал Италија Гомез лут: Што ви е на вас? Толку ли ви е тешко да седите дома?! Луѓе умираат!

Гомез лут: Што ви е на вас? Толку ли ви е тешко да седите дома?! Луѓе умираат!

Фудбалерот на Аталанта Папу Гомез остро ги критикуваше луѓето кои се однесуваат неодоговрно кога во прашање е пандемијата со коронавирусот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Италија стана најзагрозена држава во светот, а Бергамо е едно од најголемите жаришта. Поради тоа владата воведе ригорозни мерки во голем број градови.

„Порака до сите спортисти или лажни спортисти кои сакаат да излезат надвор и да тренираат – останете дома! Што ви е на вас, што имате во главата? Доста, доста, доста! Секое утро се будиме со ужасни вести, луѓето умираат, а вас како да ви е гајле за тоа. Седете дома, толку ли е тешко!? Никој не треба да излегува!“, порача аргентинскиот напаѓач.

Само во последните два дена како последица од коронавирусот во Италија животот го изгубија 850 луѓе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Катастрофа за Слот: Уште еден фудбалер си заминува бесплатно од Ливерпул

Ибрахима Конате ќе го напушти Ливерпул како слободен играч кога на договорот ќе му истече …