Дома Фудбал Гол за ТВ шпици: Рабона мајсторија на Еран Захави (ВИДЕО)

Гол за ТВ шпици: Рабона мајсторија на Еран Захави (ВИДЕО)

Израелецот Еран Захави во саботата постигна гол кој сигурно ќе биде еден од најубавите во сезоната.

32 годишниот офанзивец кој игра за кинески Гвангжу постигна гол за изедначување. Тој гол на Захави изгледаше дека ќе донесе поделба на бодовите меѓутоа овој фудбалер имаше уште нешто да каже.

Во 90-тата минута ја прими топката од десната страна и во еден момент во голем стил со рабона го матираше противничкиот голман.

Захави е прв стрелец во кинеската лига каде што на 24 кола постигна 26 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Валверде го спаси Реал во 90’+2′: АЕК двапати водеше, но остана без бод!

Реал Мадрид славеше со 3-2 на гостувањето кај АЕК, откако двапати ја бркаше предноста на д…