Дома Фудбал Италија Неверојатни информации: Како супер агентот го контролира реномираниот калчолигаш?!

Неверојатни информации: Како супер агентот го контролира реномираниот калчолигаш?!

Нови детали од „Фудбал Ликс“ овој пат познатиот менаџер е во прв план.

Од ден во ден во јавноста се појавуваат бројни информации поврзани со фудбалерите и клубовите ширум Европа, а сето тоа е благодарение на „Фудбал Ликс“ кој предизвика големо внимание на Стариот континент.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Овој пат италијански „Калчомеркато“ пренесува еден дел кој се однесува познатиот менаџер Фали Рамадани.

Тој помеѓу останатото, веќе неколку години наназад реализира трансфери на играчи од овие простори во Фиорентина, а токму на тој дел се задржува италијанскиот медиум, повикувајќи се на „Фудбал Ликс“.

На почетокот на текстот се истакнува дека Рамадани од агенцијата „Лиан Спортс“ менаџерскиот занает го учел кај Пини Захави. Од играчите кои благодарение на него пристигнаа во Фиорентина се издвојуваат Јоветиќ, Савиќ, Настасиќ, Миленковиќ, Калиниќ...Имаше тука и промашувања, односно играчи кои во Фиорентина не се снајдоа најдобро како Гулан, Марина, Милиќ, Сеферовиќ, Хаџија…

Но, исто така имаше клучна улога во трансферот на Маркос Алонсо во Челзи.

Во текстот Рамадани се опишува како човек кој не само што влијае на развојот на трансфер стратегијата на клубот, туку и некој кој има големо влијание во внатрешноста на клубот и тренерите.

Таа улога за него пред трги години започнал да ја одработува Португалецот, Педро Переира, поранешниот спортски директор на Фиорентина, наводно тој човек во клубот работел во интерес на Рамадани.

Переира во клубот пристигна во 2015 година и имаше улога на скаут за странскиот пазар, а она што е најневеројатно е разговорот помеѓу Переира и Швајцарецот, Марк Раутенберг директор во агенцијата „Лиан Спорт“.

Имено, директорт на „виолетовите“ му пишал на директорот на „Лиан Спорт“ да му предложи две имиња на португалски тренери. Би било нормално тоа барање да оди во спротивен правец…Но, не за Фиорентина, тука за белгиски Мускрон кој исто така е под капата на Пини Захави.

Исто така, откриен е разговор помеѓу агентите за листа од 29 играчи кои би можеле да бидат интересни за Фиорентина.

Переира летото 2016 година замина во Нотингем Форест, но таму не се задржа долго. Веќе во 2016 година официјално се пресели менаџерска агенција, секако нејзиното име „Лиан Спортс“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фелипе Мело со жесток коментар за Робињо и Алвеш: Ако тоа се случеше на мојата ќерка, денес не би бил тука

По случаите на силување на бразилските фудбалери, Робињо и Дани Алвеш, се огласи и Фелипе …