Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски зад себе има одлична недела која му донесе скок од 46 позиции на АТП листата за најдобар ранкиг во кариерата.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ивановски на турнирот во Куршумлиска Бања ја освои титулата во двојки, додека во поединечна конкуренција играше финале каде што беше поразен од Келемен Табур со 4:6, 6:4 и 2:6.
Со освоените бодови на овој турнир Калин скокна до 413-тата позиција која е најдобар негов ранкиг во кариерата.
На најновата АТП листа ќе има промена и на врвот бидејќи Карлос Алкараз од следната недела ќе биде нов лидер. Оваа ранг-листа официјално ќе важи од следниот понеделник, меѓутпа ушта сега е актуелна на сајтот на АТП.