Неодамна Баерн Минхен потврди дека тренерот Томас Тухел на крајот од сезоната ќе го напушти клубот поради слабите резулати во актуелната.
Заминувањето на Тухел веројатно ќе биде само почеток на голема реконструкција во гигантот од Минхен.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Германските медиуми шпекулираат дека во текот на летниот преоден рок Баерн може да го напуштат седум фудбалери. За дел од навивачите некои имиња се изненадување бидејќи станува збор за фудбалери кои имаат важна улога.
Мануел Ноер, Свен Улрајх, Алфонсо Дејвис, Џошуа Кимих, Лирој Сане, Буна Сар и Ерик Чупо-Мотинг се на листата фудбалери кои можеби наредната сезона нема да ги гледаме во Минхен.
Во овој момент Баерн е втор на табелата во Бундеслигата со 53 бодови, осум помалку од Баер Леверкузен кој е лидер на табелата.