Дома Македонски спорт Голем пад на најдобриот македонски тенисер на АТП листата

Голем пад на најдобриот македонски тенисер на АТП листата

Најдоброрангираниот македонски тенисер Калин Ивановски на денес објавената АТП ранг-листа има пад за 12 позиции и се наоѓа на 341.то место со 149 поени. Падот се должи на фактот што Ивановски има и 8 поени помалку од претходната недела.

Горазд Србљак без промена на поените -10 има скок за две места и се наоѓа на 1065.то место, додека Обрад Марковски има пад за 160 позиции и е рангиран на 1605.то место со два поена, или еден помалку од претходно.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Во конкуренција на двојки Ивановски е на 679.то место со 71 поен и скок за шест места. Берк Бугариќ има пад за едно место – 1352.ро место со 16 поени, додека Обрад Марковски е рангиран на 1866.то место со пет поени (скок за две места). Елдин Хусеиновиќ е на 2137.то место (пад за две позиции) со три поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вардар се засили со дефанзивецот Пинтер

Вардар започна со засилувања за пролетниот дел од сезоната. Нов играч на најтрофејниот мак…