Meдиумите во Србија објавија дека Кристиано Роналдо се вклучил во собирањето пари за лекување на едногодишната Софија Маркуљевиќ која боледува од мускулна атрофија.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
За лекувањето на Софија потребни се 2.1 милиони долари, а нејзиното семејство има рок од 10 месеци да ги собере тие финансии. Роналдо го донирал дресот од натпреварот со Милан и тој веднаш бил објавен на аукција.
Станува збор за натпреварот одигран на 11. ноември 2018 година кога Јувентус победи со 2:0, Роналдо беше стрелец на вториот гол.
Цената на дресот во овој момент изнесува 4.590 евра.