Дома Трансфер зона Големиот талент ја напушта Барса и се сели во Бундеслигата

Големиот талент ја напушта Барса и се сели во Бундеслигата

Австрискиот млад напаѓач Јусуф Демир важи за голем талент, но во јануари ќе ја напушти Барселона.

Причината за тоа се крие во интересната клаузула која ја има во неговиот договор. Како што е познато 18-годишниот Демир е сопственост на Рапид Виена и игра на „Камп Ноу“ како позајмен фудбалер.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во договорот помеѓу двата клуба има клаузула според која Каталонците се задолжени да го откупат талентот за 10 милиони евра, доколку Дамир одигра 10 меча за Барселона.

Во моментов тинејџерот има одиграно 9 меча во сите натпреварувања за Барса, но поради финансиската ситуација клубот одлучи да не го откупува и да се раздели во јануари.

За него силен интерес покажуваат неколку клубови од Бундеслигата, пред се Борусија Дортмунд и Лајпциг, кои ја започнаа битката за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…