Голден Стејт одигра супер натпревар против Њу Орлеанс со кој сигурно фановите на овој тим ги потсети на шампионските денови кога доминираа во НБА лигата.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Демолиран беше тимот на Њу Орлеанс со 126:85 и со тоа Вориорси се на одличен скор од седум победи и еден пораз од почетокот на сезоната. Тие заедно со Јута се лидери на Западот.




Клучниот момент за оваа голема победа е серијата од 22:6 во третата четвртина, тука беше решен победникот. Прв стрелец беше Џордан Паул со 26 поени, Кари уфрли 19 и додаде шест асистенции. Во редовите на Њу Орлеанс Валанчиунас запиша дабл-дабл од 20 поени и 15 скока.
Кевинд Дурант со супер настап ги водеше Бруклин до победа на гости во Детроит (90:96). Дурант мечот го заврши со дабл-дабл учинок од 29 поени, 10 скока и 5 асистенции, имаше поддршка и од Олдриџ кој уфрли 16 поени и додаде 5 скока. Џејмс Харден не беше толку многу поентерски расположен, но затоа запиша трипл-дабл со 13 поени, 10 скока и 10 асистенции. На спротивната страна Цунингхам беше најефиаксен со 17 поени, четири скока и 2 асистенции. Треба да се истакна и дабл-дабл учинокот на Кели Олајнук од 14 поени, 10 скока и 2 асистенции.
НБА РЕЗУЛТАТИ: Детроит – Бруклин 90:96, Орландо – Сан Антонио 89:102, Вашингтон – Мемфис 115:87, Торонто – Кливленд 101:102, Милвоки – Њујорк 98:113, Минесота – ЛА Клиперс 84:104, Портланд – Индија 110:106, Сакраменто – Шарлот 140:110.