Изгледа Барселона на големо се подготвува за преодниот рок во кој сигурно ќе се обиде да се засили на неколку позиции.
Една од метите на Барселона многу веројатно ќе биде српскиот фудбалер од Лацио, Сергеј Милинковиќ Савиќ.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Каталонски „Спорт“ во своето денешно издание открива дека Ариедо Браида го следел Савиќ за викендот во натпреварот на Лацио против Парма.
„Спорт“ кој важи за медиум близок до Барселона, јавува дека Каталонците сериозно ја разгледуваат можност за ангажман на српскиот фудбалер.
Наводно, Браида само поради Савиќ допатувал во Италија на стадионот „Енио Тардини“ го следел натпреварот помеѓу Парма и Лацио кој римјаните го добија со 0:2.
https://www.youtube.com/watch?v=a4YScaF4xGc&t=1s