Фудбалерот кој пред само година ипол ја напушти Италија сега се враќа во Серија А.
Шиме Вршаљко кој настапува за тимот на Атлетико Мадрид ќе се врати во Италија. Хрватот постигнал договор со еден од најдобрите клубови во Серија А, Наполи.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Наполи на Атлетико ќе му плати сума од 25 милиони евра и од јануари ќе го добие одличниот бек за кого беа заинтересирани уште Ливерпул и Атлетико, сепак за изборот на Наполи, пресудна била желбата на Вршаљко да се врати во Италија.
Јувентус исто така покажуваше интерес, бидејќи Лихштајнер после седум години поминати во Торино заминува на крајот од сезоната, но очигледно Наполи реагирал побрзо и посериозно.
Вршаљко во Италија го носеше дресот на Џенова и Сасуоло.
#Vrsaljko dice sì all'offerta del #Napoli: «Voglio l'Italia» https://t.co/3TVEnJiGB2
— Corriere dello Sport (@CorSport) December 13, 2017