Дома Трансфер зона Германскиот репрезентативец го напушта Баерн и го потпишува договорот на кариерата!

Германскиот репрезентативец го напушта Баерн и го потпишува договорот на кариерата!

Репрезентативецот на Германија, Сандро Вагнер (31) одлучи да ги напушти редовите на Баерн Минхен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овој 31 годишен фудбалер доби понуда од Кина каква што не се одбива и одлучи кариерата да ја продолжи во оваа земја во тимот на Тијанџин Теда.

Договорот кој веќе го потпиша со кинескиот тим ќе му донесе вистинско богатство. За две години во овој тим Вагнер ќе заработи 30 милиони евра.

Баерн одлучи да му излезе во пресрет и да го пушти во баварскиот гигант. Пристигна од Хонфенхајм за 13 милиони евра, а во 30 одиграни натпревари постигна 10 погодоци. Оваа сезона еднаш се запиша во листата на стрелци на 12 настапи.

Според информациите Баерн нема да му бара замена и ќе ја заврши сезоната со постоечките опции во нападот.

https://youtu.be/mXbAOxBK51Q

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…