Германскиот ветеран и поранешна ѕвезда на Баерн Минхен, Бастијан Швајнштајгер зборуваше за својата иднина.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Швајнштајгер во овој момент настапува за американскиот тим во МЛС лигата Чикаго Фајр со која ќе игра во плеј-офот оваа сезона.
Меѓутоа големо е прашањето дали славниот Германец и по завршувањето на шампионатот во САД ќе остане во овој тим кој е предводен од српскиот стручњак, Вељко Пауновиќ.
Имено во разговор за „Еуроспорт“, поранешниот фудбалер на Баерн Минхен истакна дека е отворен и за преговори со други клубови.
„Договорот го потпишав до крајот на годината бидејќи сакав да видам како ќе се одвиваат работите. Во овој момент немам конкретни понуди, се е отворено. Ќе видиме што ќе се случи“, изјави Бастијан Швајнштајгер.