Дома Фудбал Репрезентации Германската легенда ја превзема репрезентацијата на Косово?

Германската легенда ја превзема репрезентацијата на Косово?

После шест години германската легенда би можела да пронајде нов тренерски ангажман.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лотар Матеус наскоро би можел да стане селектор на репрезентацијата на Косово, пренесуваат косовоските и германските медиуми. На таа фунакција, Матеус би го заменил Алберт Буњаку кој замина по завршувањето на квалификациите за Светското првенство.

Како што наведува „Газета Експрес“, Матеус се сретнал со претседателот на косовскиот сојуз, Фадиљ Вокри веднаш по доделувањето на ФИФА наградите во Лондон.

Германската легенда веќе шест години е без ангажман, а последен пат ја водеше репрезентацијата на Бугарија.

Претходно беше тренер на Рапид Виена каде и што ја започна кариерата, потоа го предводеше Партизан со кој се избори за настап во Лигата на шампионите, по што следуваа кратки авантури во Унгарија, Атлетико Параненсе, Салзбург и Макаби Нетања.

Многу поголем успех имаше како играч кога со репрезентацијата на Германија стигна до освојувањето на титулата светски и европски шампион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Реал Мадрид ја активираше првата летна „бомба“ од 60 милиони евра!

Реал Мадрид официјално го потврди трансферот на левиот бек Марк Кукуреља од Челзи, објави …