Уве Генсхајмер повторно има извонредна сезона во дресот на ПСЖ, а одличното лево крило се надева дека во ист стил ќе продолжи и во дресот на германската репрезентација за време на ЕП 2018. Искусниот германец со респект гледа на нашиот национален состав, пред се поради присуството на клупата на Раул Гонзалес.

„Македонија заедно со  Словенија и Црна Гора се држави кои не се многу далеку од Хрватска. Тие ќе имаат многу публика во Загреб и сигурно ќе имаат огромна поддршка. Во таква ситуација ќе се чувствуваат како да се на домашен терен, а тоа ќе ни зададе големи проблеми на нас. Секако ќе ни ја направи нашата задача далеку потешка. Имам многу високо мислење за Раул, по работата со Вардар и со македонската репрезентација и јасно е дека тој ќе биде адут на нашиот противник на ова ЕП,но јас очекувам да стигнеме до самата завршница,а зошто и да не одбрана на титулата “, изјави Уве Генсхајмер на стартот на подготовките во 2018 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Екс-голманот на Вардар, Арпад Штербик имал срцев удар

Ракометниот тим на Веспрем објави дека екс-голманот Арпад Штербик нема да биде со тимот за…