Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ќе има на располагање 100 милиони фунти за зимската селекција, тврдат медиумите на Островот.




„Граѓаните“ беа доста активни на трансфер пазарот во текот на летото и ги доведоа Ерлинг Халанд, Јулијан Алварез, Калвин Филипс и Серхио Гомез. Меѓутоа, во исто време, тие направија значителни продажби како Габриел Жесус, Рахим Стерлинг и Олександр Зинченко.




Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?
Имено, Сити потрошил околу 104 милиони фунти за нови играчи ова лето, а во меѓувреме, клубот заработи околу 250 милиони фунти од продажба на играчи.




Според сите пресметки, „граѓаните“ се во повеќе од добра финансиска кондиција и можат да си дозволат да потрошат прилично сериозна сума за трансфери и во јануари.




Гвардиола ќе има можност да процени дали треба да засили некоја позиција во својот тим после Светското првенство и за тоа ќе има на располагање повеќе од 100 милиони фунти.