Сопствениците на Манчестер Сити се спремни да потрошат повеќе од 200 милиони фунти во летниот преоден рок и тоа за двајца фудбалери.
Според „Дејли Мејл“ двете главни трансфер цели се голгетерот на Борусија Дортмунд Ерлинг Халанд и капитенот на Астон Вила, Џек Грилиш.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Гвардиола сака да донеде врвни фудбалери, кои се млади и кои ќе бидат носители на нов победнички циклус во следните неколку години.
Халанд на лето ќе наполни 21 години, додека Грилиш во моментив има 25 години, па двајцата одговараат на овој профил.
Доколку Сити не успее да го ангажира Халанд, Гвардиола има алтернатива и ќе се насочи кон Хари Кејн, чија цена е приближна на Норвежанецот.