Како што стојат работите Алфонсо Дејвис на крајот од сезоната ќе го напушти Баерн Минхен и покрај тоа што има договор со гигантот од Минхен до јуни 2026 година.
Канаѓанецот со либериско потекло одби да го продолжи договорот со Баерн и бараше плата од 14 милиони евра. Таквото барање на Дејвис клубот го одби и преговорите пропаднаа.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Поради тоа јасно е дека ако сакаат да заработат нешто ќе мораат да го продадат ова лето. Со месеци се поврзуваше со Реал Мадрид, се најавуваше и дека е блиску до договор, но на крајот може да не излезе ништо од тие најави.
Изгледаше дека Перез ќе ги повтори случаите на Алаба и Тони Крос, меѓутоа сега во игра влегува и Манчестер Сити. Информациите од Англија се дека Дејвис е многу блиску до договор со Манчестер Сити и веќе разговарал со Пеп Гвардиола, наводно Сити му дава поголема плата од онаа во Мадрид.