Дома Трансфер зона Гвардиола: Сити не може да си дозволи нов напаѓач, имаме финансиски проблеми

Гвардиола: Сити не може да си дозволи нов напаѓач, имаме финансиски проблеми

Менаџерот на англискиот шампион, Пеп Гвардиола ги изненади сите со денешната изјава.

Гвардиола тврди дека Манчестер Сити има финансиски проблеми и не може да си дозволи нов напаѓач ова лето.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Нема да купиме никого со ваквите цени. Невозможно е, не можеме да си дозволиме. Сите клубови имаат финансиски потешкотии и ние исто така. Ги имам на располагање Габриел Жесус и Феран Торес, кои се одлични напаѓачи, а имаме и млади момчиња од академијата. Многу е веројатно да не купиме напаѓач ова лето“, истакна Гвардиола.

Манчестер Сити покажува сериозен интерес за Хари Кејн, но Тотенхем не го пушта за помалку од 150 милиони фунти, што е висока сума и за „граѓаните“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал може да добие бесплатно засилување од Реал Мадрид

Ферланд Менди е фудбалер кој во Реал Мадрид пристигна од Лион во 2019 година и е прв избор…