Во медиумите во изминатата недела се појави информација дека Манчестер Сити преговара за доведување на Дани Олмо.
Оваа информација ја пренесе еден од најпознатите италијански новинари кога се трансферите во прашање, Николо Шира. Лајпциг за Олмо бара 75 милиони евра, а во клубот пристигна минатата година од Динамо за 22 милиони евра со бонуси и во меѓувреме стана стандарден шпански репрезентативец.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сега Гвардиола беше запрашан од медиумите да го прокоментира поврзувањето на неговиот клуб со Олмо.
„Не не сме во преговори со Олмо. Тој е фантастичен играч, но е играч на Лајпциг“, изјави Гвардиола.
Олмо е под договор со Лајпциг до летото 2024 година.