Вчера Манчестер Сити одигра добар натпревар против ПСЖ, но „граѓаните“ не ги искористија своите шанси. Посебно Сити може да жали за пропуштената шанса на Бернардо Силва кога од три метри ја погоди пречката место празниот гол.
По натпреварот Пеп Гвардиола зборуваше и за Меси кој го постигна вториот гол за ПСЖ, тоа беше негов прв дресот на „светците“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„СО ПСЖ добро се справувавме, но знаевме дека не можеме да го контролираме Меси 90 минути. Се враќаше од повреди, не беше многу со топката, потребен му е ритам, но многу добро знаеме дека кога топката е кај него може да биде незапирилив. Се обидовме таквите опции да ги сведеме на минимум, задоволен сум од начинот на кој игравме“.
„Дојдовме тука да играме фудбал и одигравме добар натпревар, требаше да постигнеме голови, меѓутоа не го направивме тоа и бевме казнети“, изјави Гвардиола.