Дома Фудбал Англија Гвардиола нема да го бира новиот капитен, тоа ќе го остави на играчите

Гвардиола нема да го бира новиот капитен, тоа ќе го остави на играчите

Манчестер Сити е еден од клубовите кои на 20 дена пред почетокот на новата сезона се уште нема капитен.

Да потсетиме, Граѓаните на крајот од претходната сезона ги напушти долгогодишниот капитен Винсент Компани, а тренерот Пеп Гвардиола се уште нема одлучено кој ќе биде негова замена.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Шпанецот објасни дека тој нема да ја донесе одлуката, туку ќе остави на играчите да се договорат помеѓу себе.

Сити моментално се наоѓа на припреми во Кина, а кога ќе се врати ќе биде одлучено и имено на новиот капитен.

„Играчите ќе одлучат помеѓу себе, но кога ќе бидеме сите заедно. Откако ќе дојдат сите кои моментално недостасуваат, ќе одржиме состанок на кој ќе одлучиме кој ќе биде новиот капитен.“ – изјави Гвардиола.

Неговиот тим вчера го одигра првиот пријателски натпревар против Вест Хем кој е поразен со 4:1, а капитен на тој натпревар беше Давид Силва.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Проблеми за Реал пред „Ел Класико“

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор би можел да го пропушти дербито меѓу Барселона по…