Oд неделата во фудбалската јавност главна тема е Суперлигата.
Најбогатите клубови во Европа се решија да формираат ново натпреварување за да заработата повеќе пари отколку што сега добиваат од натпреварувањата на УЕФА. Суперлигата ќе има 15 фиксни учесници, а пет клуба ќе обезбедуваат место преку националните првенства.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во овој момент документот за основање и учество во Суперлигата го потпишаа: Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Јувентус, Интер, Милан, Арсенал, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Тотенхем, Челзи и Ливерпул.
Навивачите во Англија се разочарани, а на денешната прес-конференција и стратегот на Сити, Пеп Гвардиола призна дека Суперлигата не му се допаѓа.
„Знам некои информации не се. Не знам зошто се избрани овие тимови. Спортот не е спорт, ако нешто ви е загарантирано. Не е спорт ако на вас не ви е важно дали ќе победите или ќе изгубите. Кажуваат дека пет клуба ќе се менуваат и ќе можат да учествуваат во зависност од тоа дали имале добра сезона. Но, што е со оние клубови кои ќе имаат една, па друга лоша сезона, а цело време ќе бидат таму. Тоа дефинитивно не е спорт. Еве објаснете ми зошто Ајакс не е вклучен со сите успеси кои овој клуб ги има низ историјата?“, запраша на крајот на Гвардиола.
🗣️ "It is not sport if the relationship between the effort and reward doesn't exist."
— Sky Sports News (@SkySportsNews) April 20, 2021
🗣️ "It is not sport if it doesn't matter if you lose"
Pep Guardiola shares his thoughts on the European Super League pic.twitter.com/Qy7gJMYdUW