Дома Фудбал Англија Гвардиола за Солскјер: Тој е како мене

Гвардиола за Солскјер: Тој е како мене

Oле Гунар Солскјер ќе дебитира како тренер на Манчестер Јунајтед во сабота на гости кај Кардиф со кој во 2014 година испадна од Премиер лигата.

Норвежанецот кој за Јунајтед одигра повеќе од 300 натпревари би требало да биде привремен тренер до крајот на сезоната, а потоа да го замени некое звучно тренерско име. Промената во градскиот ривал ја прокоментира и тренерот Пеп Гвардиола.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Тој е како мене. Двајцата добивме прилика да работиме во клубот во кој игравме и за кој знаевме како функционира. Мене не ми беше тешко да бидам тренер на Барселона бидејќи таму бев од својата 13-та година, па не морав да се навикнувам. Секако дека станува збор за целосно различни ситуации, но сигурен сум дека искуството во Јунајтед како играч ќе му помогне во тренерската работа. Ја му ја посакувам сета среќа’, изјави Гвардиола.

Тимот на Пеп овој викенд ќе се сретне со Кристал Палас.со

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тренерот на Барселона: Борусија ни го загорчи животот, но заслужено сме во полуфинале

Барселона обезбеди пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите и покрај поразот од Бор…