Дома Фудбал Гвардиола донираше 1 милион евра за борба против коронавирусот

Гвардиола донираше 1 милион евра за борба против коронавирусот

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола донираше 1 милион евра за борба против ширењето на коронавирусот во Шпанија.

Пеп Гвардиола во моментов е во Барселона и веќе неколку дена работи со неговите адвокати за да ја реализира оваа донација и да ја најде најдобрата намена на парите што сака да ги донира.

Донацијата е наменета за Медицинскиот факултет во Барселона и Фондацијата Анхел Солер Даниел.

Како што е веќе познато, Шпанија е втората најпогодена земја по Италија по бројот на заразени и мртви со околу 300 смртни случаи дневно.

Како што пренесоа шпанските медиуми, средставата најмногу ќе се употребат за набавување маски, ракавици, заштитини очила, средства за дезинфекција, а со дел од парите ќе се набават и респиратори.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Двапати водеше против Јувентус, но Ваноли не се задоволува со бод: Треба да бидеме лути!

Фиорентина испушти две предности во ремито 2-2 со Јувентус, а Паоло Ваноли побара неговите…