Дома Трансфер зона „Газета“: Јувентус и Челзи започнале преговори за Влаховиќ, но има проблем

„Газета“: Јувентус и Челзи започнале преговори за Влаховиќ, но има проблем

Спортскиот директор на Јувентус Џовани Мана според последните информации започнал преговори со Челзи во врска со трансферот на српскиот фудбалер Душан Влаховиќ, пренесува „Газета дело Спорт“.

Италијанските медиуми тврдат дека Мана во Лондон разговарал со директорот на Челзи кои се заинтересирани за српскиот напаѓач.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Наводно, Мана соопштил дека Јувентус е спремен да го слушне понудите за Влаховиќ.

„Јувентус и Челзи започнаа преговори во врска со трансферот на Влаховиќ. Меѓутоа зделката не е блиску до реализиација, бидејќи Челзи го нуди Ромелу Лукаку и Лофутс Чик. Челзи сака со тој тандем да ја намали цената, но Јувентус инсистира дека Влаховиќ може да замине само за парична оштета“, пишува „Газета“.

За репрезентативецот на Србија претходно интерес покажуваше Баерн кој сака да го засили нападот.

Влаховиќ во Јувентус пристигна на почетокот на 2022 година од Фиорентина, а оваа сезона за Јувентус одигра 42 натпревари и постигна 14 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Англиските гиганти се „тепаат“ за Керкез

Манчестер Јунајтед, Челзи и Ливерпул се силно заинтересирани и ќе водат голема битка за ѕв…