Дома Фудбал „Газета“: УЕФА преку ЕП и возвраќа на Англија за помошта со Суперлигата!

„Газета“: УЕФА преку ЕП и возвраќа на Англија за помошта со Суперлигата!

Откако Англија ја победи Данска и се пласираше во финалето на Европското првенство каде што ќе се сретне со Италија главна тема во медиумите е пеналот кој го добија Англичаните во продолженија против Данска.

Најголем дел од јавноста смета дека Англија доби подарок пенал, а „Газета дело Спорт“ пишува дека УЕФА на Европското првенство и помага на Англија за да и се одолжи за Суперлигата.

Премиерот Борис Џонсон беше еден од главните виновници што Суперлигата се распадна експресно по формирањето, па овој начин Чеферин наводно сака да му се одолжи.

„Италија стигна во финале со политичка помош. УЕФА и помага како возврат за Суперлигата, можеше да се забележи преку целиот турнир, но најочигледно тоа беше во пеналот против Данска“, пишува „Газета дело Спорт“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Прилеп се простува од Ристо Глигороски, голгетерот што ги обележа Победа и Вардар

Ристо Глигороски почина на 76 години. Зад себе остави значајна голгетерска трага во Победа…