Иван Ракитиќ ова лето многу веројатно ќе ја напушти Барселона, а интерес за неговиот потпис и тоа како има.
Долго време Ракитиќ се поврзуваше со трансфер во Интер, италијанските и шпанските медиуми најавуваа дека Интер има големи шанси да го доведе Рактиќ во своите редови, а „Газета дело Спорт“ сега тврди дека има нови информации.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што пишува овој италијански медиум, Ракитиќ после пет години ќе ја напушти Барселона, но „Газета“ тврди дека негова нова дестинација нема да биде Интер туку – Јувентус!
Ако веруваме на информациите на „Газета“ Ракитиќ преговарал со Јувентус и прифатил преселба во Торино.
„Јувентус го контактирал Ракитиќ и тој прифатил да се пресели во нивните редови“, пишува „Газета“ и додава дека Ракитиќ бил желба и на премиерлигашот Манчестер Јунајтед.
Ракитиќ игра одлично оваа сезона, тренерот Валверде го обожава, но Барселона го обезбеди потписот на Френки Де Јонг за 80 милиони евра. Еден од најбараните млади фудбалери на сверот ќе пресели во Каталонија.
Барселона сигурно не плаќа 80 милиони евра за фудбалер кој ќе добива шанса привремено, а Ракитиќ веројатно не би сакал да биде резерва во неговите последни години од кариерата кога може да игра фудбал на највисоко ниво.
Како и да е до крајот на сезоната има уште некој месец, тогаш ќе започне летниот преоден рок кој сигурно ќе биде интересен.