Дома Трансфер зона ГАЗЕТА: Мурињо ќе го спасува Реал, а Конте Јунајтед…

ГАЗЕТА: Мурињо ќе го спасува Реал, а Конте Јунајтед…

mourinho

Жозе Мурињо никогаш не остави затворена врата на стадионот „Сантијаго Беранбе“ кога заминуваше, а сега тоа може да му се исплати.

Угледниот италијански весник „Gazzetta dello Sport“ денеска јавува за голем пресврт во тренерската криза која го потресе Реал Мадрид овие денови. Жулиен Лопетеги вчера доби отказ, неговото место привремено го превзеде Сантиаго Солари и тоа само поради тоа што Конте не успеа да пронајде заеднички јазик со управата на Реал. Перез, како што пишуваат Италијанците, му се лути поради многу лошите односи со играчи како Диего Коста, Давид Луиз, но и Еден Азар.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Едниот дел поради тоа што го напушти Челзи, а Перез во следниве трансфер периоди има цел да го доведе Азар. За Конте, јасно е, во таквите планови нема место. Но, има за Мурињо, кој беше релативно успешен на клупата на „Кралскиот“ клуб во периодот од 2010. до 2013. година кога успеа да освои неколку трофеи. Истиот извор тврди дека Перез е подготвен да го чека отказот на Мурињо во Манчестер Јунатед и него го гледа како човек кој може да го врати Реал таму каде што припаѓа.

Во тој случај, Антонио Конте ќе биде првиот кандидат за клупата на „Црвените ѓаволи“. Главната задача ќе му биде слична како и онаа на Мурињо, а тоа е да го исччисти нередот што Португалецот го направи на „Олд Трафорд“ последниве три години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Левандовски откри кога би можел да замине од Барселона

Искусниот напаѓач, Роберт Левандовски се поврзуваше со заминување од Барселона, но како шт…