Дома Трансфер зона „Газета“: Киеза го избрал новиот клуб – останува во Серија А?

„Газета“: Киеза го избрал новиот клуб – останува во Серија А?

Еден од најпреспективните италијански фудбалери, Федерико Киеза го избрал новиот клуб, пишува „Газета дело Спорт“.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Реномираниот италијански медиум објави дека Киеза ќе го почитува дадениот збор на Јувентус и заинтересиран е само за преминување во редовите на шампионот во Италија.

Киеза игра лошо оваа сезона, Монтела го пресели на клупата, не е физички спремен, а многумина сметаат дека е лут на клубот што не го пуштиле во Јувентус во текот на летото.

Синот на поранешниот репрезентативец на Италија и ѕвезда на Парма Енрико Киеза ја одби понудата од претседателот Роко Комисо да го продолжи договорот. Киеза јасно и порачал на Фиорентина дека сака да премине во Јувентус. Договорот на Киеза има важност до 2022 година и тие ќе бидат приморани да го продадат.

Според информациите Јувентус нема да понуди повеќе од 60-70 милиони евра.

Вкупно Киеза до сега одигра 126 натпревари, постигна 25 гола и запиша 19 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…