Дома Фудбал Англија Газдата на Рома купува премиерлигаш!

Газдата на Рома купува премиерлигаш!

Сопственикот на Рома, Ден Фридкин, постигна договор со мнозинскиот сопственик на Евертон, Фарад Мошири за купување на британскиот клуб.

„Скај Спорт“ објави дека Мошири ја прифатил понудата испратена од Фридкин минатата недела. Мошири до 31. мај беше поврзан со договор за ексклузивност со американската инвестицка група и не можеше да преговара со други, но се очекува тоа да се смени и набрзо да стане сопственик на Евертон.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Фридкин ја купи Рома во 2020 година, а неговото богатство се проценува на 6,1 милијарда долари.

Групацијата „777 Партнерс“ од Мајами во септември објави дека постигнала договор со Мошири за купување на 94,1 отсто од акциите на клубот. Договорот требаше да биде склучен до крајот на 2023 година, но тоа не се случи бидејќи американската компанија не успеа да ги исполни барањата на Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Легендарниот Фердинанд засекогаш го напушти Лондон, еве каде се пресели

Поранешната фудбалска ѕвезда и легенда на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд, заедно со нег…