Дома Топ вести Вчера го „сруши“ Ибра, во јануари потпишува за Милан

Вчера го „сруши“ Ибра, во јануари потпишува за Милан

Руските медиуми пренесуваат дека Милан е силно заинтересиран за Хвича Кварацхелија, или грузискиот „Меси“.

Грузиецот го сврте вниманието кон себе со добрите настапи во дресот на Рубин Казан и беше избран за најдобар млад фудбалер во руската лига.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Неколку европски клубови веќе подолго време го следат Кварацхелија, а скаути на Милан биле присутни на синоќешниот меч против Шведска, кога Грузиецот постигна два гола.

Руските медиуми пренесуваат дека „росонерите“ веќе стапиле во контакт со Рубин Казан, и сакаат да го донесат Кварацхелија во зимскиот преоден рок.

Се претпоставува дека Милан за потписот на 20-годишниот крилен напаѓач ќе плати 20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Гвардиола носи фантастична замена за Родри

Примарна цел на Манчестер Сити во зимскиот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред,…