Веселин Вујовиќ откако во текот на Светското првенство порача дека Раул Гонзалес едвај чека да Мундијалот за да се посвети на ПСЖ, сега повторно зборуваше за нашиот селектор.
Популарниот Вујо во интервју за специјализираниот сајт за ракомет, „Балкан Хендбол“ порача дека Раул нема уште долго да биде селектор на Македонија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Знам по себе, кога се вратив од Олимписките игри во Рио, бев целосно празен во Загреб. Сега Николаи ќе биде таков во Левен и мислам дека Левен ќе плати за неговата светска титула. Истото го мислам и за Раул, на високо ниво сето тоа се плаќа. Кога играш СЕХА лига тоа не е така страшно, но кога играш во Лига на шампиони и имаш репрезентација тоа се големи обврски. Тоа може да се издржи во краток период, на подолг ќе се почуствуваат последици. Раул е паметен и тој повеќе нема да биде селектор на Македонија“, изјави Вујовиќ.
За Вујовиќ Прибак и Никола Марковски можеле да бидат повикани за Светското првенство, но не сакаше да навлегува во одлуките на Раул.