Дома Македонски спорт Мак ракомет Вујовиќ: Вардар по традиција игра добро во Сегедин, да ја прекинеме серијата порази!

Вујовиќ: Вардар по традиција игра добро во Сегедин, да ја прекинеме серијата порази!

Тренерот Веселин Вујовиќ го најави двомечот со ПИК Сегед во ЕХФ лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Првиот натпревар го играме во Унгарија во четврток, а вториот се игра во Скопје на 25 ноември.

„Продолжува Лигата на шампионите после ЕХФ паузата и настапите за репрезентациите. Сите сме заедно, сите сме здрави што е најважно. Играме против ПИК Сегед, познат противник, една од најдобрите екипи во Европа. Ова е натпревар како да играме некој бараж, затоа што играме прво на гости, па веднаш дома после седум дома. Ќе видиме како ќе се одвиваат двата натпревари. Вардар е спремен, јас веќе кажав дека мораме да ја прекинеме серијата порази. Вардар по традиција игра добро во Сегедин и се надеваме дека и овој пат ќе биде така“, изјави Вујовиќ.

Во Лигата на шампионите Вардар е во серија од три порази против Алборг, Монпеље и Кил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Барселона најде замена за Ханси Флик

Ханси Флик останува во Барселона до јуни 2028 година, а каталонскиот клуб веќе има план за…