Претседателот на Каљари се пофали со преговарачките вештини.
Додека тимот од Сардинија се споменува во контекс на заминување на Николо Барела, првиот човек на клубот, Томазо Џулини се пофали за успешно продолжување на соработката со Лука Чигарини.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Официјализирањето на договорот веројатно ќе поминеше незабележано доколку претседателот Џулини на својот Твитер профил не го објавеше начинот на кој се договорил со Чигарини.
Претседателот на италијанскиот прволигаш дел од разговорот со овој играч објави на социјалните мрежи.
„Дали имаме договор?“
„Да, имаме!“
„Ти благодарам Чига. Со тебе сме во добри раце или подобро кажано во добри стапала.“
„Тиа благодарам Прес, поставивме добри темели.“
„Те очекувам утре за потпис.“
#Cagliari President Tommaso Giulini found a new way to announce a contract extension with Luca Cigarini – publishing WhatsApp messages https://t.co/g0CgwL6vBr @CagliariCalcio pic.twitter.com/uUiDK2lL00
— footballitalia (@footballitalia) June 11, 2019