Со само 18 години пристигна во Италија, поточно во Фиорентина. Матија Настасиќ би можел да се врати во Серија А.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Како што пренесува „Gazzetta dello sport“, Рома е во потрага по квалитетен стопер и изборот паднал на српскиот интернационалец. Неговата вредност се проценува на 20 до 25 милиони евра.
„Волчиата“ е подготвена да ја плати таа сума. Настасиќ би можел да игра и на левата страна кога Коларов е надвор од теренот или едноставно мора да одмори, бидејќи алтернатива за него Рома нема.
Потсетуваме, Матија Натасиќ не сака да игра за репрезентацијата на Србија додека селектор е Младен Крстајиќ. Наводно, тој е лут затоа што не отпатувал во Русија на Светското првенство, иако тврди дека бил здрав и дека стурчниот штаб го пречкртал од списокот на патници за да покаже на јавноста дека е повреден.