Првиот голман на Милан, Мајк Мањан веќе три месеци е надвор од терените поради повреда и не се знае кога ќе се врати.
Прогнозите беа дека Французинот ќе се врати на почетокот на јануари, но рехабилитацијата може да продолжи уште најмалку еден месец.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Поради тоа Милан мора да реагира и италијанските медиуми пренесуваат дека сака да донесе голман на 6-месечна позајмица.
„Скај Италија“ пренесува дека Малдини стапил во контакт со ПСЖ и го сака на позајмица Серхио Рико.
Шпанскиот голман има статус на трет голман во Париз и не добива шанса, па е спремен да дојде на „Сан Сиро“ на позајмица со крајот на сезоната.