Денес и тоа како е работно во просториите на Јувентус.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Утрово раководството на клубот составено од Недвед, Черубини и Аривабане се сретна со Жорге Мендеш, на состанокот се разговараше за иднината на Роналдо. Постои опција Португалецот да си замине до крајот на преодниот рок.
Меѓутоа нема да биде изгледа само тој состанок. Италијанските новинари успеаа да го снимат и Мино Раиола во тренинг центарот на „старата дама“. Очигледно Јувентус работи на пронаоѓање на замена за Роналдо и нема многу време.
„Калчомеркато“ споменува дека во игра е враќање на Моис Кин.
Ова е навистина интересна ситуација затоа што тренинг центарот на Јувентус во период од само неколку часа се појавуваат веројатно двата највлијателни фудбалски агенти.