Отворен првиот тренинг центар за пинг понг во Скопје
Во ООУ Јохан Хајнрих Песталоци во Општина Центар, Скопје започна реализацијата на планот на пинг понгарската федерација за омасовување на пинг понгот во државата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во Песталоци е отворен првиот тренинг центар кој претставува соработка на основните училишта и пинг понгарската федерација.
За отворен центарот го прогласи градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ. На отворањето присуствуваа беа и претставниците на општина Центар од секторот за спортски активности. Пинг понгарската федерација на оваа манифестација беше претставувана од Горан Тиловски, претседател на пинг понгарската федерација и Зоран Филиповски претседател на надзорниот одбор на пинг понгарската федерација.
Ова претставува прв чекор од проектот за популаризација на пинг понгот во државата. Вакви тренинг центри ќе бидат отворени во неколку градови низ државата.