Италијанскиот фудбалер Лоренцо Инсиње се споменува како ново засилување на екипата на Торонто од МЛС лигата.
Иако и понатаму го носи дресот на Наполи и има 30 години, лесно би можел да ја премина дестинацијата и да се пресели во МЛС лигата која за европските фудбалери во главно е резервирана за крај на кариерата.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Неговиот договор со клубот за констапуваше најголем дел од кариерата истекува на крајот од сезоната и до овој момент нема добиено конкретна понуда за продолжување на соработката. Торонто ја следи ситуацијата и спремни се да испратат понуда за италијанскиот рпрезентативец.
Taка Инсиње би можел да тргне по стапките на Себастијан Џовинко кој стана легенда на МЛС лигата и Торонто. Џовцинко е најдобар стрелец во историјата на Торонто, а во овој клуб настапуваше од 2015 до 2019 година. Во тој период беше и МВП МЛС лигата и го освои МЛС купот со овој тим во 2017. Претходните две сезони Џовинко ги помина во Ал-Хилал.
Интересно е што Џовинко неодамна јавно изјави дека би сакал да се врати во Торонто во својата 35 година од животот, па засега не е исклучена можноста да гледаме тандем Инсиње – Џовинко.