Дома Фудбал Играше за хит репрезентацијата на Мундијалот, а сега мора во – затвор!

Играше за хит репрезентацијата на Мундијалот, а сега мора во – затвор!

Илијас Шар ѕвездата на репрезентацијата на Мароко и фудбалер на Квинс Парк Ренџерс е осуден на казна затвор за напад кој се случил пред четири години.

Мароканецот кој е роден во Белгија во 2020 година во учество на кајак експедиција влезе во судир со еден возач на камион. Наводно, Нилс. Т возачот на камионот учествувал во расправија со Илијас заедно со неговиот брат додека чекале автобус да ги пренесе до поскуваната дестинација.

По расправија од некое време Шар земал камен и го удрил Нилс во глава со што му нанел повреда и раскотина на главата од два сантиметри.

Покрај казната затвор од една година тој ќе мора да плати и парична казна од 13.400 фунти. Засега не се познати причините кои довеле до овој конфликт.

Шар играше за репрезентацијата на Мароко на Светското првенство и со оваа селекција стигна до полуфиналето. Во натпреварот против Хрватска за третото место на теренот помина едно полувреме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мореира го разби Интер: Милан со три гола до четврта победа во низа во дербито!

Диего Мореира со гол и две асистенции го предводеше Милан до победа од 3-1 над Интер, кој …