Дома Фудбал Англија Во Кристал Палас зачудени што немале доволно понуди за фудбалерот кој со Англија беше на ЕП

Во Кристал Палас зачудени што немале доволно понуди за фудбалерот кој со Англија беше на ЕП

Ебречи Езе остана во редовите на Кристал Палас по летниот преоден рок, а за првиот човек на премиерлигашот Стив Периш е чудно што ниту еден голем клуб не тргна посериозно по неговиот потпис.

И покрај тоа што се мачеше со повредите Езе имаше солидна сезона во која запиша 11 гола и подели шест асистенции на 31 натпревар.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Со таквите настапи доби и повик за Европското првенство.

„Навистина бев загрижен дека летово ќе остане без Олисе и Езе. Но за Езе немаше интерес како што очекував и тоа навистина ме чуди. Станува збор за неверојатен играч и фантастична личност, тој би бил подарок за било кој клуб“, изјави Периш.

Ќе потсетиме Олисе направи трансфер во редовите на Баерн Минхен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Доктор со обвинувања за Роналдо: Ми должи пари за ботокс – открил и колку!

Кристијано Роналдо се соочува со веројатно најнеобичните обвинувања досега во неговата кар…