Фудбалската асоцијација на Англија ќе воведе промена во фудбалот каква што не е видена во 155-годишната историја.
Според информациите на реномираниот „Тајмс“ во прашање е привремено отстранување од игра на десет минути за фудбалер кој направил груб тактички фаул или влегол во расправија со судијата.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Мерката како што се најавува би требало да почне да се применува од сезоната 2024/2025. За почеток тоа би било само во натпреварите од ФА Купот, а ако се покаже како добра ќе биде воведена и во останатите натпреварувања.
Сега се чека конечната потврда од Бордот на Меѓународната фудбалска асоцијација (ИФАБ) кој е задолжен за промените на правилата. Инаку, оваа иновација веќе се тестираше на детско и младинско ниво од сезоната 2019/2020, меѓутоа се уште не се користела на повисоко ниво.