Дома Македонски спорт Мак фудбал Воска работи со полна пареа: Потпишаа и со капитенот на Охрид!

Воска работи со полна пареа: Потпишаа и со капитенот на Охрид!

Второлигашот Воска Спорт работи со полна пареа на трансфер пазарот.

Новиот второлигаш не сака да игра само епизодна улога во новата сезона во второлигашкото друштво и напорно работи за да обезбеди квалитетни засилувања.

Со овој клуб претходно договори потпишаа Изаир Емеини, Енис Дервиши, Михајло Јакимовски, а сега пристигна и капитенот на ривалот Охрид Лихнидос, Наум Велјановски.

Очигледно амбициите на Воска се наредната сезона да се промовираат во прволигаши.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …