Сите по дербито на Манчестер го слават Ерлинг Халанд, што не е чудно.
Тој на Сити му донесе победа од 3:0 над Јунајтед постигнувајќи два гола и запиша една асистенција. Но, норвешкиот гениј, како и каталонскиот, му се поклонуваат на скромниот херој од позадина, кој никогаш не ги добива насловите што ги заслужува – Бернардо Силва.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Португалскиот офанзивец е во Сити од 2017 година, кога Пеп за 50 милиони евра го донесе од Монако, незаменлив член на тимот кој освои се.
Летово постоеше голема веројатност да замине бидејќи сакаше нов предизвик. Но, Барселона, каде што сакаше да оди, не можеше да си го дозволи поради познати финансиски проблеми. Така остана Бернардо, на задоволство на Халанд и Пеп.
„Можев да потрошам најмалку 10 минути зборувајќи за тоа колку тој ми значи мене и за тимот на Сити. Тој е феномен. Сите сме вљубени во него и многу се плашевме да не го изгубиме ова лето. Тој е незаменлив. Тој е еден од најдобрите играчи што сум ги видел.
Тој сака да игра на Олд Трафорд, не се сеќавам на ниту еден натпревар таму каде што одиграл лошо. А сега тој одигра уште еден извонреден, извонреден натпревар овде. Имав доволно среќа да водам многу големи играчи, но тој е посебен. Толку интелигентен, умен… Тој е и прекрасна личност. Вози скромен автомобил, нема тетоважи, нема обетки, неговата облека е најобична…“, рече Пеп по натпреварот.