Дома Македонски спорт Мак фудбал Возбудливо дерби со шест гола – Вардар подобар од Шкендија!

Возбудливо дерби со шест гола – Вардар подобар од Шкендија!

Вардар и Шкендија одиграа возбудлива дерби со шест гола во македонската Прва лига кое на крајот им припадна на домаќините со 4:2.

Шкендија дојде прва во водство по одличното проигрување меѓу Хасани и Жуниор и тој резултат остана до полувремето. Над новото засилување на Вардар, Максим Максимов беше направен пенал во 55. минута, а уште еден Бразилец, Фелипе израмни на 1:1.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


И од другата страна имаше пенал, кој Ибраими го реализираше за ново водство на гостите, пред да почне „шоуто“ на Вардар. Блажевски израмни на 2:2 во следната акција, по што Фелипе постигна уште еден гол за водство на шампионот, пред Итало да го потврди триумфот на Вардар и првиот пораз оваа сезона за Шкендија.

Академија Пандев продолжи со одличната игра и со 2:0 го победи Шкупи, додека Работнички, ниту со нов тренер не успеа да ја подобри играта и загуби со 3:1 на гостувањето кај Ренова. Скопје и Силекс одиграа 1:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

ГРК Тиквеш доби силен спонзор од својот град

Екипата на ракометниот суперлигаш Тиквеш од Кавадарци се пофали со нова соработка за следн…