Жерар Пике вчера гостуваше во една шпанска ТВ емисија, а разговорот помеѓу него и водителот беше исклучително опуштен и со многу хумор.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Меѓутоа некои негови одговори на најголемите ривали на Барселона не им беа баш смешни.
Имено, стоперот на Барселона го искористи своето гостување во „Ла Ресистенција“ да испрати мали провокации на сметка на Реал Мадрид и градскиот ривал на својот тим, Еспањол.
Водителот на емисијата така во еден момент го праша Пике колку пати во последниот месец имал се*с, на што искусниот стопер одговори со прашање алудирајќи на победите на Барселона против Реал.
„Се сметаат ли натпреварите на „Сантијаго Бернабеу“.
→ @3gerardpique: "Voy sobrao en las dos" #LaResistencia pic.twitter.com/3WygiEbjYF
— La Resistencia en Movistar+ (@LaResistencia) March 28, 2019
Тука не запре Пике, па се потсети и на Еспањол. На прашањето колку пари има Пике порача:
„Имам многу повеќе пари отколку што изнесува буџетот на Еспањол за оваа година. Не, не само 57 милиони евра, многу повеќе“.
Зборуваше Пике и за смислата на хумор на Лионел Меси и многу други работи, а се потсети и на Златан Ибрахимовиќ.
„Тој е човек кој сака пари повеќе од било кој на планетата. Во една прилика ни кажа дека парите не се најважната работа во светот, ние на тоа не одговоривме ништо, а потоа ја заврши реченицата заклучувајќи дека најважна работа е да имаш многу пари“, откри Пике.