Кристиано Роналдо ова лето во изненадувачки трансфер го напушти Реал Мадрид и направи трансфер во редовите на италијански Јувентус.
Роналдо добро ја започна својата авантура во Италија каде што во овие моменти е прв стрелец.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓутоа она што би можело да изостане и оваа година, а што навивачите на Јувентус најмногу го посакуваат е трофејот во Лигата на шампионите. Јувентус е во тешка позиција откако на првиот натпревар од осминафиналето против Атлетико запиша пораз во Мадрид. „Старата дама“ изгуби со 2:0 и така се стави во незгодна позиција пред реваншот.
После овој пораз во медиумите се појавија гласини дека Роналдо побарал од управата на Јувентус да му бидат доведени тројца поранешни негови соиграчи од Реал Мадрид (Варан, Иско и Модриќ). На „Чизмата“ на големо се пишуваше дека Португалецот дури и се заканил и со напуштање на клубот.
Јасно ретко кој веруваше во вакво нешто со оглед на тоа дека ова е прва сезона на Роналдо во Торино.
Спортскиот директор на Јувентус Фабио Партичи се одлучи на необичен начин да стави крај на таквите шпакулации.
Овие шпекулации вчера беа дискутирани во познатата италијанска емисија „Калчо е Меркато“ на „Раи Спорт“. Партичи бил во својот дом кога ја гледал оваа емисија и се одлучил веднаш да стави точка на гласини. Имено, тој му испрати СМС порака на едниот од водителите за да и порача на јавноста дека тоа што го зборуваат нема врска со вистината.