Дома Македонски спорт Мак баскет Влезот на натпреварот Македонија – Украина ќе биде слободен

Влезот на натпреварот Македонија – Украина ќе биде слободен

Koшаркарската федерација на Македонија ги отвара вратите на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје во натпреварот од квалификациите за Светскиот Купо 2023.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Влезот против репрезентацијата на Украина, во натпреварот кој ќе се игра на 4. јули од 18:00 часот ќе биде слободен.

Македонија вчера беше поразена од Шпанија со 80:44 и во квалификациите од пет натпревари имаме исто толку порази и против Украинците ќе ја бараме првата победа во овој циклус.

„Ги покануваме сите искрени љубители на кошарката да дојдат и да го проследат овој натпревар од 6. коло од „Г“ квалификациската група за Светскиот Куп, „во живо“, и да му дадат поддршка на нашиот подмладен состав во обид да ја реализираме првата победа во овој квалификациски циклус“, порачуваат од федерацијата.

Фото: КФСМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…